1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Папата меѓу водечки теолог и Поглавар на Католичката црква

Зборовите на Папата се слушаат низ целиот свет и тој мора да води сметка за можните толкувања - смета Грегор Хопе во следниот коментар.

Папата Бенедикт 16-ти

Папата Бенедикт 16-ти

По убавата пасторална посета на татковината, Бенедикт 16-ти го стигнаа неубави вести. За жал не може да се тврди дека Папата нема никава врска со целиот случај. Тој мора да биде свесен дека неговите зборови се слушаат на секаде во светот. Секако дека ни тој не може да одбегне истите тие зборови луѓето да ги толкуваат, цитатите да ги сметаат за негови лични изјави.

Со цитатот од една дискусија меѓу византискиот цар Мануел Втори Палеологос и еден персиски мудрец од 1391. година Папата сакаше да истакне две работи: прво дека во изминатите времиња ваквите дискусии биле не само можни, за разлика од денес, туку биле дури и вообичаени. Бенедикт 16-ти и во ова предавање, како и многу пати порано, сакаше да покаже дека верата и насилството не одат заедно. А дека тој како Поглавар на Католичката црква се залага за дијалог меѓу културите и религиите и за взаемна почит, во тоа не може никој сериозно да се посомнева - иако некои експерти за Ватикан во ова предавање гледаат прекин во однос на линијата што ја застапуваше претходникот на Бенедикт, Папата Јован Павле Втори. Но, тоа не е така, бидејќи и Јозеф Рацигнер, како и Карол Војтила пред него, ја застапува темелната поврзаност на трите големи религии на денешнината еврејската, христијанската и исламската. Тие имено потекнуваат од заедничкиот предок Абрахам.

Дури ако историската коректност на Бенедикт 16-ти и неговата определба не се ставени под знак прашање, сепак мора да се каже дека како Папа тој никогаш не зборува повеќе во кругот на учени теолози, кои без мака можат да ги следат неговите сложени образлагања. Тој во својството на Поглавар на Католичката црква секогаш зборува пред целата светска јавност. А во медимскиот бизнис на денешнинатата е редовна појава да се вадат исечоци од говори и да се емитуваат ширум светот и тоа во делови од секунди. Тоа Папата принципиелно и го знае. Затоа во вакви времиња на напнатост меѓу религиите мора да биде подготвен и на изјави за најчувствителните уши, а да не зборуваме за оние кои радо сакаат со злоба да ги интерпретираат неговите зборови. Дотолку повеќе што Бенедикт 16-ти не е само Поглавар на една Црква со една милијарда верници, туку и шеф на една држава. Во такво својство сигурно ја забележал хистеријата што се создаде околу карикатурите на Пророкот Мохамед. А не можело ни да не ги забележи конфликтите меѓу религиите и културите што го проникнуваат нашето време. Тој секако знае и дека меѓу припадниците на секоја религија има и такви кои активно бараат повод за конфликт.

Но, да го оставиме на страна Муслиманското братство од Египет или дури Парламентот на Пакистан. Дури и Здруженијата на муслиманите во Германија или во Франција сметаат дека цитатот и неговата примена секако не биле од полза за дијалогот меѓу религиите. Во Турција, каде Бенедикт 16-ти треба да отпатува за неколку недели, пред една година беше убиен свештеник од римската диоцеза. Тој беше застрелан од едно 17-годишно момче, кое се чувствувало навредено од карикатурите на Пророкот Мохамед.

Значи, никој не може и не сака да му пропишува на Папата што може, а што не може да каже. Но, исто така тој мора да разбере дека сега е во функција на водач на една светска организација, шеф на држава, а не само водечки католички теолог!