1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Папата и лично изрази жалење

Папата Бенедикт 16-ти денеска изјави дека многу жали поради гневот што го предизвикале неговите изјави за Исламот . Тој истакна дека цитатот што го употребил од еден средновековен текст за светите војни , не ги рефлектира неговите лични ставови.

default

Папата се наоѓаше под притисок да даде лично извинување откако неговиот говор минатат недела во германскиот град Регенсбург , предизвика бура од протести во муслиманскиот свет .

„Многу жалам поради реакциите во некои земји за неколку извадоци од моето обараќање во универзитетот во Регенсбург, кои беа сметани за навбредливи за чуствата на Муслиманите“- изјави папата во редовната неделна миса Ангелус во неговата летна резиденција Кастелгандолфо.

„Тоа всушност беа цитати од еден средновековен текст , кои на ниту еден начин не ги претставуваат мооите лични сваќања. Се надевам дека ова ќе придонесе за смирување на срцата и за разјаснување на вистинското значење на моето обраќање , кое погледнато во целост беше покана за искрен и суштински дијалог, со взаемно почитување“ – изјави Папата.

Ова инаку беше прв јавен настап на папата по предавањето што го одржа во Регенсбург.

Италијанските медиуми соопштија дека безбедноста околу Кастелгандолфо била на највисоко ниво .

Во меѓувреме пристигна и првата реакција од муслиманскиот свет на денешната изјава на Папата. И тоа позитивна и смирувачка.

„ Сметаме дека новите изјави претставуваат повлекување од претходно кажаното . Можеме да ги сметаме како доволно извинување – порача вториот човек на египетското муслиманско братство Мохамед хабиб .

За жестината на реакциите кои ги предизвикаа изјавите на Папата , говори и днешната информација за убиството на една католичка калуѓерка во Сомалија . „ Постои голема можност нејзиното убиство би можело да е поврзано со гневот меѓу Муслиманите поради изјавите на Папата за исламот “ –изјавија за светските агенции извори во исламистичките организации во оваа африканска земја.