1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Папата именуваше 19 нови кардинали, главно од посиромашните земји

Папата Франциско денеска (12.01.2014) ги соопшти имињата на првите нови кардинали во неговиот понтификат. Листата на новите кардинали одговара на претставите на новиот папа за задачите на црквата.

Папата Франциско именуваше 19 нови кардинали од вкупно 12 земји, избирајќи притоа луѓе од Азија, Африка, Северна и Јужна Америка со посебно внимание за сиромашните земји.

Папата имињата ги објави денеска додека им се обраќаше на верниците од прозорот кој гледа на плоштадот Свети Петар во Вашингтон.

Од именуваните кардинали 16 имаат помалку од 80 години, што значи имаат право на глас на конклавата за избор на папата, што е најважна задача на еден кардинал. Меѓу новите кардинали со право на глас, четворица се Италијанци, еден Германец и еден Британец, петмина се Латиноамериканци( Аргентина, Чиле, Бразил, Хаити и Никарагва), еден е од Северна Америка (Канада), двајца се Африканци (Брегот на Слоновата Коска и Буркина Фасо) и двајца се Азијци (Јужна Кореа и Филипини). Тројцата кардинали без право на глас се од Италија, Антили и од Шпанија.

Церемонија на која официјално ќе бидат прогласени за кардинали ќе се одржи на 22. февруари во Ватикан. Оттогаш во Ватикан ќе има вкупно 122 кардинала со право на глас.

Листата на новите кардинали одговара на претставите на актуелниот поглавар на римо-католичката црква дека црквата треба посилно да се грижи за луѓето на маргините на општеството како и за земјите кои не се во фокусот на меѓународниот интерес