1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Папата замоли за прошка

Папата Бенедикт Шеснаесетти за првпат недвосмислено замоли за прошка поради, како што рече, „злоупотребувањето на малите“ од страна на свештеници - педофили. Тоа го направи на миса во Ватикан пред 15 илјади свештеници.

default

Папата Бенедикт Шеснаесетти

„И ние понизно ги молиме Бога и засегнатите луѓе за прошка и истовремено ветуваме дека сакаме да сториме се’, за да не дозволиме повторно да се случи таква злоупотреба“, рече папата на денешната миса. Католичката црква, освен тоа, повеќе ќе внимава при изборот на свештеници, како и при нивната обука, вети нејзиниот поглавар Бенедикт Шеснаесетти.

„Ќе сториме се’ што можеме за да ја провериме правилноста на изборот, и згора на тоа, ќе ги придружуваме на нивниот пат, за Господ да ги штити и згрижува во неволјите и опасностите на животот“.

Овие изјави на папата не се „Меа кулпа“, официјално признание на вината, како што очекуваа некои во Ватикан, но се многу блиску до тоа.

„Така се случи токму во оваа година на радост поради сакраментот на свештенството да бидат обелоденети гревовите на свештениците - пред се’ злоупотребата на малите, со што свештеништвото, како налог од грижата божја за луѓето, се преобрати во негова спротивност“, истакна папата. Тој најави цврста рака во постапувањето во иднина.

Автор: Штефан Трендле/ Зоран Јордановски

Редактор: Жана Ацеска