1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Папата заздравува

Папата Јован Павле Втори ненадејно вчера се појави пред верниците во Рим. На прозорецот на болницата ги благослови луѓето што се наоѓаа во околината. Меѓутоа, мораше да се откаже од традиционалната ангелска молитва. Место него зборуваше бискупот Леонардо Сандри.

Се бори со здравствени проблеми:Јован Павле Втори

Се бори со здравствени проблеми:Јован Павле Втори

На папата повторно му успеа едно изненадување: само два ипол дена по операцијата и се презентираше на јавноста. Традиционалната ангеласка молитва на петровиот плоштад, меѓутоа, се одржа без него. Непосредно потоа, во само неколку километри оддалечената болница Гемели, се случи неочекуваното: на десттиот спрат каде што папата заздравува по операцијата, се кренаа ролетните, за неколку мига потоа зад стаклото да се појави папата кој ги балогослови верниците. Тој остави впечаток на заздравен човек и при благословувањето ја движеше раката без напор.

Појавувањето траеше сосема кусо, но присутните му се заблагодарија на папата со аплауз. Италијанските медиуми јавуваат дека по совет на лекарите тој нема да ја напушти болницата. Меѓутоа, за првпат во 26-те години од неговиот понтификат, Папата не се појави на на ангелската молитва. На петровиот плоштад, бискупот Сандри го прочита текстот подготвен од Папата. Во него тој се заблагодарува за вниманието и ги повикува верниците да се молат за него:

"Мислам на вас кои сте собрани на петровиот плоштад. Мислам на сите во светот што се интересираат за мене. Ве молам и натаму да ме следите, пред се во вашите молитви“.

Првата ангелска молитва без присуство на папата ја следеа повеќе илјади луѓе кои аплаудираа кога Сандри ги прочита поздравите од папата Јован Павле.