1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Папата дочекан со одушевеност

Папата Бенедикт 16-ти ќе биде првиот папа во историјата што посетил една еврејска синагога. Денеска на програмата на посетата на папата на Германија е посета на синагога во Келн, каде треба да се одржи и заедничка церемонија на сеќавање на убиените Евреи во времето на национал-социјализмот. Претседателот на Централниот совет на Евреите во Германија, Паул Шпигел, изјави дека е ова историски настан. Во в

Папата бенедикт 16-ти и германскиот претседател, Хорст Келер

Папата бенедикт 16-ти и германскиот претседател, Хорст Келер

�сникот “Рајнишен Пост“ Шпигел напиша дека првпат еден папа ќе дојде во синагога и тоа - папа Германец. Вчера, папата беше со одушевеност поздравен од илјадниците млади собрани во Келн на Светскиот ден на младите.

Милиот бог веројатно водеше сопствена режија – Бенедикт 16-ти пристигна. Во Келн беше пречекан не само од апсолутно време на соништата. Тој каде и да се појавеше предизвикуваше вистински напливи на одушевеност. Верниците и гостите скандираа: “Бенедето,Бенедето“ и правеа Ла-Ола бранови.

По пречекот на келнскиот аеродром, каде германскиот претседател Хорст Келер му посака добредојде, Светиот отец се качи на брод по реката Рајна и на верниците им рече:

“Среќен сум што сум среде млади луѓе за да и дадам поддршка на нивната вера и да ја заживеам нивната надеж. Притоа сум апсолутно сигурен дека и јас ќе бидам тој што прима. Дека ќе ме заразат младешката одушевеност, чувствителноста, подготвеноста храброста и надежта, и дека сето тоа ќе ми даде храброст да одам и натаму по патот во служба на црквата како наследник на Петар и дека ќе одговорам на предизвиците на времето.“

Отворете го широко срцето за господ, побара од малдите папата Бенедикт 16-ти. Претходно, претседателот на Германската бискупска конференција, Карл Леман, поздравувајќи го папата, изрази убеденост:

“Свесни сме дека со вашето присуство и вашето дејствување во голема мерка и давата поттик на главната цел на Светскиот ден на младите – имено да се зајакне радоста и одушевувањето од верата, за сите луѓе да постои надеж во добро и здравје и на тој начин да се работи на еден поправеден и помирен свет. “

Една швајцарка и аџија од Гана, кои на брегот на Рајна го чекаа папата, реагираа со одушевување:

“Супер – расположението, луѓето едноставно се супер.“

“Тоа што сите веруваат во исто. Знаеш дека има уште некој кој верува во истото. Тоа во денешните времиња ни причинува добро.“

“Напорно е, тоа е точно, но човек е понесен. Едноставно мораш да бидеш вклучен и мислам дека вакво нешто не се заборава.“

Младите се надеваат...

“Се надеваме дека ќе биде приемчив како стариот папа Јован Павле втори. Тој беше многу приемчив, многу отворен за младите и очекуваме дека овој папа, за кого пред да стане папа се мислеше дека е резервиран , сега изгледа малку поинаку, отворено, од него очекуваме дека ќе можеме да му кажеме здраво, здраво папа, дека ќе го запознаеме како Бенедикт отворениот папа како Јован Павле втори.“

Папата Бенедикт 16-ти вчеравечер ја посети и келнската катедрала и таму сместениот ковчег на Светите три крала. На платото пред катедралата рече дека го сака хуморот и интелигенцијата на Келнјани, но и нивната верба. Пред илјадниците млади нагласи дека во градот се чувствува како дома, зашто со него се врзани сеќавања на младоста.

Папата денеска и утре ќе има средби со претставници на другите конфесии и со политичката елита, но врв на неговата посета ќе биде завршната миса под отвроено небо в недела пред портите на Келн.