1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Папата го фали Либан како пример

Со богослужба под отвoрено небо папата Бенедикт Шеснаесетти денеска (16.09) ја завршува посетата на Либан, земја во која една третина се христијани.

Во текот на богослужбата во Бејрут папата Бенедикт 16. денеска треба да предаде и писмо на бискупи од Блискиот Исток и повеќе земји од северна Африка во кое тие повикуваат на мир, праведност и дијалог во регионот.

Папата и во текот на вчерашниот ден силно се заложи за култура на мирен соживот на Блискиот Исток. Еден ден по анти-западните безредија во многу исламски земји, тој побара „нов модел на братство“ и презирање на секаков вид насилство. Христијаните и муслиманите можат заедно да изградат мир и човечка иднина, рече Бенедикт. Тој побара луѓето да бидат воспитувани да стремат кон мир, а како пример го посочи Либан. Христијаните и муслиманите со векови живеат заедно во земјата, во која не ретко во семејствата има луѓе кои припаѓаат на различни религии. Либан е вистински пример за соработка на религиите, нагласи папата, прашувајќи: „Зошто тоа не би било можно во цел свет?“

На одмаздата треба да и‘ се каже - не и треба да се проштева, нагласи Бенедикт во говор во резиденцијата на либанскиот претседател Мишел Сулејман, кој е единствениот претседател христијанин на Блискиот исток.