1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Папата го помилува собарот - крадец

Кратко пред Божик, папата Бенедикт Шеснаесетти го помилува својот поранешен собар Паоло Габриеле, кој по т.н. „Ватиликс“ афера беше осуден на еднаипол година затвор.

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Бенедикт Шеснаесетти го посетил екс-собарот Паоло Габриеле во затворот и му ја пренесол веста, изјави портпаролот на папата Федерико Ломбарди денеска во Ватикан. Габриеле беше осуден од ватиканскиот суд на еднаипол година затвор во т.н. „Ватиликс“ афера во октомври поради кражба на документи. Ломбарди истакна дека ова бил „еден исклучително татковкси“ чин на папата. Средбата со Габриеле траела околу четвртина час. Но, поранешниот собар не смее да се врати во Ватикан. 33-годишниот поранешен службеник инаку важеше за верен човек на папата. Тој тврдеше дека ги предал украдените документи на медиумите сакајќи да му помогне на папата и да го заштити од „злото и корупцијата“.

Во аферата околу кражбата на доверливи документи од Ватикан и нивното проследување во ноември беше осуден и информатичарот Клаудио Скјарпелети условно на два месеци затвор. Истрагата во неговото биро нашла плик адресиран на име на Габриеле. Во него се наоѓале копии од документите кој италијанскиот новинар Џанлуиѓи Нуци ги добил и ги објавил во својата книга „Неговата светост“.