1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Папата го осуди ембаргото на САД кон Куба

Папата Бенедикт 16. укажа дека ембаргото неправедно ги погодува Кубанците.

Пред да го напушти карипскиот остров, Папата обвини дека „таквите рестриктивни економски мерки наметнати од надвор од земјата неправедно го оптеретуваат нејзиниот народ“.

„Никој да не се чувствува исклучен од потрагата по неговите или нејзините основни слободи, или да не се оправдува тоа со мрзеливост или недостаток на материјални ресурси – ситуација што се влоши кога беа наметнати рестриктивни економски мерки“, рече папата Бенедикт Шеснаесетти.

На крајот од тродневната посета Папата побара и помирување и поголеми слободи на народот. Ги повика властите дека почитувањето на слободите е суштинско.

Папата Бенедикт Шеснаесетти пред да замине од земјата се сретна и со поранешниот кубански претседател Фидел Кастро на негово барање, соопшти портпаролот на Ватикан Федерико Ломбарди. Ова е прва средба на Кастро со папата Бенедикт Шеснаесетти. Тој двапати се сретна со Јован Павле Втори - во 1996 во Ватикан и во 1998 во Куба.