1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Папата во Витлеем апелираше за мир

Во поздравниот говор, во присуство на претседателот Махмуд Абас, папата рече дека Светата столица го поддржува правото на Палестинците на сопствена држава, со меѓународно признати граници, која живее во мир со соседите.

default

Папата Бенедикт 16-ти пред палестинската гарда во Витлеем

Папата Бенедикт 16-ти ги повика Палестинците да настојуваат на исполнување на оваа цел со мирни средства, и покрај сите конфликти. „Немојте да дозволите, смртта и уништувањето кои моравте да ги гледате, да родат горчина и чувство за одмазда во вашите срца. Имајте храброст да им се спротивставите на искушенијата за примена на насилство и за терористички дела“, рече папата.

Покрај тоа, папата се осврна и на животните услови на Палестинците. „Како и сите народи, и Палестинците имаат природно право да стапуваат во брак, да формираат семејства и да имаат пристап до работа, образование и здравствени услуги. Се молам и за брза обнова на погодениот регион, со помош на меѓународната заедница повторно да се изградат разурнатите домови, училишта и болници, особено од последниот воен конфликт во појасот Газа“, рече папата во говорот.

Солидарност со палестинскиот народ

На почетокот на мисата на местото каде е роден Исус во Витлеем, папата Бенедикт шеснаесетти директно им се обрати на малкуте христијански аџии од појасот Газа. Тој им порача да ја пренесат неговата длабока тага за преживеаните загуби и неговата поддршка за повторната обнова. Израелските власти одбија дел од барањата за добивање виза од страна на христијаните од појасот Газа.

Papst Benedikt in Bethlehem auf dem Weg in die Geburtskirche

Исто како и во поздравниот говор, и за време на мисата, папата ја потврди неговата солидарност со палетинскиот народ. Тој жестокот го критикуваше израелскиот ѕид, кој во голема мера го опколува Витлеем. Секој ден луѓето болно гледаат на овој безбедносен ѕид, кој зборува за култура на взаемен страв, неизвесност, ограничување и недостаток на автентична волја за мир. Бенедикт изрази жалење, бидејќи поради ситуацијата, многу луѓе ги напуштаат своите домови. Тој истакна и дека недостасува јасна политичка волја за решение на конфликтот меѓу двата народа.

За денеска е предвидено папата да посети и бегалски логор, како и детска болница на Каритас.


Автор: Ханс Јоахим Визе / Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска