1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Папата апелира за мирно решение во Сирија

Воено решение за Сирија ќе биде залудно, пишува папата Франциско во писмото до домаќинот на состанокот на Г20 Владимир Путин и до лидерите на другите земји - членки. Папата апелира за мирно решение.

Наместо залудна потрага по воено решение, светските лидери треба да бараат мирно решение преку дијалог за сириската криза, порача папата Франциско во писмо до домаќинот на самитот на групата најразвиени земји во светот, рускиот претседател Владимир Путин.

САД и Франција најавуваат воена акција против режимот во Дамаск тврдејќи дека било употребено хемиско оружје против бунтовниците.

„Обновете ја заложбата за потрага, со храброст и одлучност, на мирно решение преку дијалог и преговори на страните, и со целосна поддршка од меѓународната заедница“, се наведува во писмото од папата.

Франциско натаму оценува дека „преовладале еднострани интереси“ со што била спречена потрагата по решение за сирискиот конфликт со кој би бил спречен „безумниот масакр кој сега се случува“.

„До сите присутни лидери, апелирам да најдат начин за да ги надминат конфликтните позиции“, пишува Франциско.

За в сабота, поглаварот на Римокатоличката црква повика на молитва и пост за крај на сирискиот конфликт.