1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Папандреу: не бараме пари од Германија

Во барањето политичка поддршка за својот курс на штедење, грчкиот премиер Јоргос Папандреу денеска стигнува во Берлин кај германската канцеларка Ангела Меркел. На Грците им треба европска поддршка зарaди поволни кредити.

default

Ангела Меркел и Јоргос Папандреу во Брисел (архива)

На улиците на Атина излегоа илјадници луѓе, протестирајќи против мерките за штедење кои ги донесе грчката влада. За излез од големите државни долгови владата, меѓу другото, најави намалување на платите во јавните служби и зголемување на данокот на додадена вредност. Стегањето на ременот особено е горчливо за пензионерите, чии пензии ќе останат замрзнати, па и револтот кај нив е голем: „Трета година по ред нема зголемување на пензиите, а сега владата сака да ги остави на исто ниво дури и минималните пензии.“ - „Велат, нема пари за пензиониерите. Каде се тогаш нашите пензиски придонеси?“ - „Секој од нас, пензионерите, во меѓувреме издржува по еден млад невработен човек. Јас го издржувам мојот син, кој по 18 години остана без работа. Кој ќе се грижи сега за нашите внуци?“

И покрај протестите, денеска грчкиот парламент треба по итна постапка да даде согласност за мерките за штедење.

Грците сакаат само поддршка

Грција сака да го стави под контрола големиот државен дефицит без финансиска помош од Германија и Европа. Грција не сака ниту еден цент од данокот на германските граѓани, потврди грчкиот премиер Јоргос

Symbolbild Griechenland Finanzen EU Europa

Папандреу пред денешната средба со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Тој од неа би сакал само едно - сигнал кон финансиските пазари дека има доверба во грчката влада. Со тоа Папандреу потврдува дека неговата земја сака кризата да ја совлада со сопствени сили: „Мораме да ја вратиме загубената доверба во нашата земја. Во следните месеци имаме обврска за соработка и докажување дека не сме зависни од никого, дека нашиот народ и државата можат сами да ја кројат својата иднина.“

Синдикатите не попуштаат

Griechenland Streik Proteste Finanzkrise

Граѓаните масовно излегуваат на улици

Во меѓувреме, големите синдикати најавија нови штрајкови. Во Атина денеска не сообраќајат автобусите и трамваите, на аеродромите се закануваат задоцнувања и откажување на летови. Лекарите во болниците ќе третираат само итни случаи, а училиштата се затворени. Синдикатите се надеваат на широка поддршка: „Ова е нашиот одговор. Толку силен, колку што се мерките за штедење кои ги донесе владата, ќе пружаме отпор и секој ден ќе излегуваме на улица“, вели една демонстрантка.

Протестите, според синдикатите, треба да кулминираат идната недела, за кога е поместен генералниот штрајк, првобитно планиран за 16 март.

Автор: Михаел Ел/ Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM