1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Папандреу бара натамошна поддршка од Германија

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу при посетата на Берлин се заложи за натамошна поддршка за реформите во неговата земја.

default

Папандреу и Меркел на прес-конференција во Берлин

Грција постигна многу изминатите месеци, изјави премиерот Јоргос Папандреу во говорот пред индустријалците и политичарите на Конгресот на германската индустрија. Меѓутоа на Грција и’ е потребна уште поголема поддршка и пред се’ време. Реформите во земјата се длабоки и не можат да бидат реализирани преку ноќ, нагласи Папандреу. „Спроведовме невидени реформи во временски период од неколку месеци. Да, кризата ја претвораме во шанса! Ве уверувам: вашите инвестиции во Грција не не’ држат во минатото, туку тие се инвестиции во индината.“

Грција не е сиромашна земја, меѓутоа лошо се раководело со неа, изјави Папандреу. Денес без дополнителна финансиска помош од проширениот европски чадор за спас, на Грција и’ се заканува банкрот. Тој ќе стапи во сила, откако за тоа ќе дадат согласност парламентите на земјите членки на еврозоната.

Merkel und Giorgos Papandreou Ministerpräsident Griechenland PK Berlin

Папандреу при обраќањето на Конгресот на германските индустријалци во Берлин

Апел до пратениците

Согласноста за проширениот чадор за спас има апсолутен приоритет, подвлече германската канцеларка Ангела Меркел. „Најважно од се’ е, ние од германска страна за тоа ќе ја пружиме секоја помош која ќе биде побарана, Грција да ја поврати довербата, да го прекинеме овој страшен тренд, секој месец да пристигнуваат застрашувачки информации, туку на берзите да завладее впечатокот дека Грција е на добар пат.“

Исто така и германското стопанство се залага да биде проширен европскиот пакет за спас на земјите со финансиски потешкотии, заради заштита на заедничката валута, еврото. Ханс Петер Кајтел, претседателот на Сојузот на германската индустрија, смета дека постои опасност за еврото.

Angela Merkel Hans-Peter Keitel Giorgos Andrea Papandreou BDI

Меркел со Папандреу и претседателот на Здружението на германската индустрија, Ханс-Петер Кајтел

„Крај на монетарната унија ќе предизвика огромни штети за Германија и германската индустрија. Познато е дека германското стопанство е тесно поврзано со нашите европски соседи. Процесот на враќање кон национални валути или поделени еврозони е поврзан со непресметливи ризици, и тоа не само економски, туку и политички.“

Почит за реформските напори

На гласањето за проширениот европски пакет за финансика помош, утре во Бундестагот повторно за збор ќе се јават и критичарите на новите кредити за проблематичните земји во еврозоната, тешки милијарди. Грчкиот премиер побара почит за реформските напори на неговата земја.

Hans-Peter Keitel BDI

Претседателот на Здружението на германската индустрија, Ханс-Петер Кајтел

Ако тоа го нема, тогаш луѓето ќе ја изгубат мотивацијата за натамошни промени.

„Постојаната критика е фрустрирачка за Грција. Не само на политичко рамниште, каде се вложуваат надчовечки напори за да се исполнат строго поставените цели, и тоа во фаза кога рецесијата се продлабочува. Тоа е длабоко фрустрирачки и за Грците, кои ги спроведуваат болните промени.“

Фактот што ЕУ смета дека дел од напорите за штедење на Грција се недоволни, Папандреу не го коментираше. Тој меѓутоа гарантира дека Грција ќе ги исполни сите свои обврски. Освен тоа тој се заложи за реформа на европските институции, за да бидат подобро опремени за идни финансиски кризи.

Автор: Нина Веркхојзер / Александра Трајковска

Редактор: Горан Чутаноски