1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пападимос: Предвремени избори во Грција во април

Грчкиот премиер Лукас Пападимос најави дека предвремените парламентарни избори во земјата ќе бидат одржани во текот на април до кога актуелната влада треба да ги спроведе реформите за спас од банкрот.

default

Грчкиот премиер Лукас Пападимос

Шефот на владата во Атина, Лукас Пападимос најавата за терминот за оддржување на изборите ја даде во интервју за весникот „Њујорк тајмс“, без притоа да го прецизира точниот датум на изборите.

Трите партии кои учествуваат во преодната влада на технократот Пападимос, во ноември се договорија изборите да се оддржат во средината на февруари, но тој термин е пролонгиран со цел на владата да и се даде дополнително време за целосно спроведување на програмата за штедење на што инсистираат Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, како услов за доделување нова помош на Грција.

Krise und Regierung in Athen Griechenland

Лидерот на Нова демократија Андонис Самарас

Конзервативците во предност

Конзервативната Нова демократија на Андонис Самарас бара изборите да се оддржат што побрзо, затоа што сите последни анкети покажуваат дека таа партија ќе добие најмногу гласови.

Од друга страна, популарноста на Сегрчкото социјалистичко движење (ПАСОК), кое беше на власт две годни, и натаму опаѓа, што доведе до внатрешни превирања во партија. Социјалистите ја плаќаатцената за непопуларните мерки за штедење кои мораше да ги преземе претходната влада на нивниот лидер Јоргос Папандреу во последните две години за да биде избегнат банкрот на земјата. Спроведувањето на овие мерки  иницираа досега незапамтен бран штрајкови во Грција, кои натаму продолжуваат. 

Автор: СН/АМ/миа

Редактор: Симе Недевски