1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Панета е задоволен, талибанците напаѓаат на друго место

САД во Авганистан испратија десетици илјади војници во борбата против талибанците на југот на земјата. Сега нивниот ангажман е завршен, но бунтовниците ги преместија нападите.

Американските сили ги намалија за една третина своите трупи во Авганистан. Земјата ја напуштија последните војници од контингентот што пред две години беше дополнително испратен во Авганистан во бробата против талибанците, а кој броеше 33.000 војници. Американскиот министер за одбрана Леон Панета тврди дека војниците си ја завршиле работата. Според Панета, САД се на пат да ги остварат целите во Авганистан.

Талибанците ги преместија нападите

Со засилувањето на трупите на Американците им успеа да ги потиснат талибанците на југ и југозапад на земјата, но бунтовниците сега ги преместија нападите на исток на Авганистан и во пограничниот регион со Пакистан. Освен тоа, американските трупи во текот на изминатите месеци засилено беа цел на напади на авганистански војници, со кои всушност соработуваат. Само во таков вид напади во изминатата година загинаа 51 американски војници.

Минатата година американското присуство во Авганистан со околу 101.000 војници беше на највисокото ниво досега. Натаму остануваат уште 68.000 американски војници, кои се дел од трупите ИСАФ. САД и сојузниците планираат целосно повлекување на воените сили од Авганистан до крајот на 2014 година.