1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Панета вети поддршка на Либија

Американскиот министер за одбрана Леон Панета најави тесна соработка на САД со новите либиски власти. Во меѓувреме САД одмрзнаа либиски капитал, а ОН ги укинаа санкциите за Либиската централна банка.

default

Американскиот министер за одбрана Леон Панета

Американскиот министер за одбрана Леон Панета престојува во кратка посета на Либија, во рамките на која изјави дека Либија може да стане „важен партнер“ на САД во областа на безбедноста. „Стремежот ни е да воспоставиме тесна соработка со либиската влада. Подготвени сме да предложиме секаква помош во духот на пријателство и заемно почитување“, рече министерот за одбрана на САД на заедничката прес-конференција со премиерот на Либија, Абдул Рахим ал Киб. Панета се сретна и со либискиот министер за одбрана Осама ал Џували.

Karte Libyen mit UN-Logo

Два месеца по смртта на диктаторот Моамер ел Гадафи, Либија може да се надева на финансиска помош во висина од милијарди за обнова на земјата. Советот за безбедност на ОН ги укина санкциите за Либиската централна банка и уше една друга државна банка. На овој начин се отвора патот износите во милијарди, кои режимот на Гадафи ги вложувал во странство, повторно да се вратат во земјата, која е во голема мера уништена. Непосредно пред одлуката на Советот за безбедност на ОН, американската влада одмрзна либиски имот во висина од 30 милијарди долари. Имотот на кланот на Гадафи како и на членови на поранешни членови на државното раковдство и натаму се замрзнати.

Автор: АТ/ ЖА/дв/ миа

Редактор: Ж. Ацеска