1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Панета бара од Кина и Јапонија воздржаност

Јапонско-кинескиот судир околу ненаселените острови во Источнокинеското море продолжува со несмалена жестина. Јапонците ги затвораат своите фабрики во Кина.

Поради страв од безредија, јапонскиот автопроизводител Тојота најави дека ќе го запре производството во некои кинески фабрики. Други јапонски концерни, како Канон, Панасоник, Мазда, Хонда и Нисан, веќе ги намалија или запреа производствените процеси во Кина.

Во Кина повторно илјадници луѓе протестираа пред јапонската амбасада. Протести имаше и во други кинески градови. Учесниците бараат, меѓу другото, и бојкот на јапонски производи. Протестите добиваат на интензитет и поради одбележувањето на 81-годишнината од јапонската инвазија на Кина. На 18. септември, имено, се одбележува годишнината од нападот во 1931. година кој доведе во кризата во Манџурија. Тогаш Јапонија ја зазеде провинцијата на североисток на Кина.

Американскиот министер за одбрана Леон Панета денеска ги повика двете земји на воздржаност. „Ги охрабруваме сите страни да комуницираат за да се решат актуелните несогласувања дипломатски и на мирен начин“, рече Панета во Пекинг.