1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Панел дискусија за иднината на Косово

Изминатиот викенд во Тетово беше одржава дводневна панел дискусија на тема „Што по статусот на Косово.“

default

Тетово

Затворањето на статусот на Косово со неговото прогласување како независна држава ќе значи и отворање на другите аспекти на прашањето на Албанците на Балканот, во правец на нивно обединување во една држава – ова е главниот акцент од дводневната дебата на тркалезната маса, одржана изминатата сабота и недела во Тетово на тема „Што по статусот на Косово“.

Меѓу другите, учествуваа поголем број личности со статус на видни претставници на албанската интелигенција од Косово, Македонија, од Република Албанија и од Прешевската Долина, од југот на Србија.

Косовскиот академик Есат Ставилеци кажа: „По независноста на Косово можеби веднаш ќе уследи прашањето: ’Што со статусот на Албанците во целина?“

Нури Реџепи, професор – историчар од државниот тетовски универзитет, го изнесе својот став на тркалезната маса „Апетитите на Албанците во Македонија ќе бидат поголеми. Нивниот политички капацитет е достаточен во не така далечна иднина да ги редефинираат уште еднаш, засекогаш, албанско – македонските односи, без да се загрозува интегритетот на државата“.

Ибрахим Гаши, шефот на катедрата за политички науки на Приштинскиот универзитет, вака одговара на прашањето: „Што по статусот на Косово?“: „Во околности на создавање независно Косово, интегрирано во Европската унија заедно со Албанија и Македонија, ќе може да функционира идејата за внатрешното албанско интегрирање преку создавање албанска царинска унија, унифициран образовен систем и унифицирана Албанска академија на науки и уметности.“

Universität von Tetovo, Mazedonien

Универзитетот во Тетово

Професорот Нури Реџепи од државниот тетовски универзитет со критички тон предупреди на еден од најголемите и најсериозни предизвици за идната косовска држава – безбедноста и фундаменталните национални права на Србите и другите национални малцинства: „Србите се реалност на Косово, тие треба да се земат многу сериозно предвид. Тие имаат таму свои имоти и со векови живееле со Албанците“.

Од тетовската панел – трибина за и по статусот на Косово ќе произлезе и политички меморандум, кој ќе им биде упатен на меѓународните фактори во Европа и во светот.