1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Пангалос: Што ќе направите за да нема вето?

Вице-премиерот на грчката влада, Теодорос Пангалос на дебата во ПС на ЗЕУ во Париз, ги претстави грчките позиции во однос на балканските земји. Пангалос отворено зборуваше и за спорот околу името.

default

Теодорос Пангалос

„Грција не е против тоа Македонија да се најде во Европската унија, но останува проблемот со името. Таа не сака овој проблем да биде пренесен внатре во Европската унија.“ Вака, грчкиот вице-премиер Теодор Пангалос ја обрaзложи позицијата на неговата земја во однос на европските интеграции на Македонија, од говорницата на Парламентарното Собрание на Западноевропската Унија во Париз. Ова како одговор на прашањето поставено од македонскиот пратеник Александар Николовски за позицијата на новата грчка влада во однос на европските интеграции на Македонија.

Пангалос, уште на почетокот од одговорот забележа дека економските односи меѓу двете земји се одлични, дека Грција е главниот инвеститор во Македонија и од нејзина страна сака нивно натамошно развивање.

Што се однесува до проблемот со името, Пангалос рече дека „тоа име е име и на една грчка провинција, дека Македонија не е е самата во регионот и дека и во Бугарија има еден дел од Македонија која се вика Пиринска.“ Во таа прилика тој даде примери дека дел од луѓето во Грција се чувствуваат како “Македонци“, споменувајќи го тука и неговиот син од првиот брак.

Проблемот со името, Пангалос го гледа во Македонија, која според него е помлада држава и која инсистира да го чува и да ја монополизира употребата на името, кое е име на еден поширок регион. Тоа создава недоразбирања. Тој смета дека дека ако земјата се согласи да и‘ стави додавка, односно одредница за појаснување, тоа нема да претставува проблем за да биде прифатено од страна на Грција.

Веројатно вето?

Пред ПС на ЗЕУ, вице-премиерот на Грција објасни дека „Грците во моментов сфатиле оти постојат тешкотии во земјата, за таа на нејзиното име Македонија да стави и географска одредница.“

Одговарајќи на новинарски прашања веднаш по говорот пред ПС на ЗЕУ, Пангалос во врска со прашањето за можното вето на 7 декември рече:

„Кога тој (македонскиот пратеник Николовски) ме праша за можното вето, јас само му одговорив со истото прашање: што Вие ќе направите за да се избегне тоа?“

Во предложената резолуција за односот на јавното мислење кон проширувањето на ЕУ, ПС на ЗЕУ, со кое наскоро Грција ќе треба да претседава, смета дека е потребно да се поддржат напорите за решавање на недоразбирањата меѓу земјите членки и земјите кандидати, кои го попречуваат проширувањето и претставува пречка во напорите за воспоставување на стабилност и безбедност во цела Европа.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска