1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Панарити: Духовно, а не административно обединување на Албанците

Министерот за надворешни работи на Албанија порача дека платформата за обединување на Албанците изнесена од страна на премиерот Сали Бериша во основа означува духовно обединување, а не промена на границите на Балканот.

По реакциите во регионот на изјавата на албанскиот премиер Сали Бериша за „национална независност на сите албански страни од грчкиот град Превеза до Прешево и од Скопје до Подгорица“, шефот на албанската дипломатија Едмонд Панарити порача дека таа не значи повик за административно обединување на Албанците

„Станува збор за едно духовно обединување, кохезија, и не се работи за административно обединување и не станува збор за промена на граници, бидејќи секогаш се шпекулира со тоа" изјави Панарити за телевизијата „Визион Плус".

„Албанија немала, нема ниту ќе има територијални претензии", истакна Панарити за „Визион Плус".