1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Палестинци - плата

*

За прв пат по повеќе од една година, од вчера службениците на палестинските автономни власти можат да добијат полна плата. При тоа исплатата важи само за оние од вкупно 165.000 Палестинци, кои му се лојални на Претседателот Махмуд Абас. Пред банките во Појасот Газа се создадоа долги редови. Причина за изостанувањето на приходите беше меѓународниот финансиски бојкот, што стапи на сила откако радикалното движење Хамаз победи на парламентарните избори во март 2006-та година.