Палестинци - нова влада | Вести | DW | 18.03.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Палестинци - нова влада

Денеска почнува со работа новата палестинска влада на национално единство. На вчерашната седница на палестинскиот парламент пратениците со огромно мнозинство го прифатија составот на новиот владин кабинет на стариот - нов премиер Исмаил Ханија од Хамаз.

Американската влада во првата реакција на најавената владина политика манифестираше “разочарување“. Портпарол на Стејт департментот порача дека позицијата на владата на национално единство е неспоива со меѓународниот мировен план за Блискиот исток. Германското претседателство со ЕУ ја поздрави инаугурацијата на новата палестинска влада, но нагласи дека помошта од европските фондови останува ограничена се‘ додека новата влада не усвои платформа за работа што ќе биде соодветна на принципите на Блиско источниот квартет.