1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Палестинци – насилство

И покрај примирјето издејствувано со египетско посредство, палестинските организации, Фатах и Хамас, продолжуваат со судирите во појасот Газа. Притоа се убиени најмалку две лица, а повредени се повеќемина. Непосредно по полноќ двете страни изразија подготвеност да ги запрат крвавите судири. Портпарол на Фатах соопшти дека договорот постигнат со египетско посредство предвидува повлекување на сите борци од улиците на појасот Газа. Со оглед на зголемените тензии меѓу палестинските групации, премиерот Исмаил Ханија од Хамас и министерот за внатрешни работи, Хани ал – Кавасми соопштија дека сакаат брзо да преземат чекори за спроведување на безбедносниот план за палестинските територии. Во престрелките во појасот Газа само вчера загинаа најмалку пет лица. Судирите се најтешки од месец март наваму.