1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Палестинци – Израел

Израелскиот кабинет на денешната седница го одобри барањето на премиерот Ехуд Олмерт за бојкот на новата палестинска влада. Само двајца од присутните 21 министер гласаа против. Олмерт барањето го образложи со одбивањето на владата на Ханија да се откаже од насилството и да го признае Израел. Сепак, ќе се остане во ограничен контакт само со претседателот Махмуд Абас. Норвешка напротив, ќе ја признае новата влада, додека Русија и Франција ќе соработуваат со неа.