1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Палестинци – борби

*

Во појасот Газа траат жестоките борби меѓу приврзаниците на Хамас и Фатах. Според агенциски извештаи, борци на Хамас го зазеле главното седиште на тајната служба во градот Газа, која инаку е под контрола на Фатах. Според лекарски извештаи, убиени се три лица, меѓу кои и едно 15 годишно момче. Од избивањето на насилството пред четири дена, во борбите меѓу Фатах и Хамас загинаа околу 60 лица. Раководството на Фатах се закани дека ќе излезе од владата на национално единство доколку борбите не престанат.