1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Палестинците се надеваат на признавање во ОН

Генералното собрание на ОН денеска (29.11) гласа за палестинското барање за доделување статус на „држава не-членка“. Во случај барањето да биде одобрено, Палестина би имала статус на набљудувач како што има Ватикан.

Политичка победа на Палестинците и пораз на Ерусалим - тоа политикологот Јоси Мекелберг го очекува од денешното гласање во Генералното собрание на ОН. Големо мнозинство од државите членки, од пред два дена и Франција, застанаа зад барањето на Палестинците. Краткорочно погледнато, гласањето нема да промени речиси ништо во политичката рамнотежа на Израелците и Палестинците, објаснува Мекелберг, кој работи на лондонскиот истражувачки институт Катам Хаус. Но, додава тој, можно е по статусот набљудувач набргу да следува полноправно членство. Зашто, ако САД не го блокираа гласањето во Советот за безбедност, Палестинците веќе одамна ќе беа во ОН.

„Голем дел од меѓународната заедница едноставно не разбира зошто Палестинците, кои владеат во независен дел од Западниот брег, не би можеле да добијат барем статус на набљудувач.“

Mahmud Abbas bei den UN ARCHIVBILD 2011

Палестинскиот претседател Махмуд Абас

Спорна точка - израелската политика на доселување

Токму на тоа се надева умерениот Фатах, кој владее во Западниот брег.

„Ние се обидуваме да го зачуваме решението ’две држави’ што Израелците го уништуваат“, вели за ДВ Ксавиер Абу Еид, портпарол на палестинскиот преговарачки тим. Признавање од страна на ОН би дало јасен сигнал дека „нашата земја е окупирана држава“, вели Абу Еид, мислејќи притоа на израелската политика на доселување.

Израел и натаму гради населби на Западниот брег. Тоа е „најголемата пречка за натамошни мировни преговори“, нагласува Мекелберг. Тој не верува дека признавањето би ставило крај на тоа: „Аргументот на Израелците гласи - додека Палестинците повлекуваат унилатерлани дипломатски потези, Израелците ќе содаваат факти со тоа што и натаму ќе градат населби.“

„Палестинците уништуваат мостови“

Пол Хиршсон, портпарол на израелското Министерство за надворешни работи, ја критикува намерата на Палестинците. „Палестинците со својот потег ги кршат договорите од Осло кои велат дека сите преостанати проблеми треба да се решат низ преговори.“ По барањето во ОН, Израел и Палестинците тешко дека можат да си веруваат дека ќе се држат до натамошни договори. „Палестинците не градат мостови, туку ги уриваат“, вели Хиршсон.

Според Мекелберг, Фатах и немал друг избор освен да го одбере патот во ОН. Израел е воено посилен, а со секоја воена акција радикалниот Хамас добива поени на сметка на Фатах, кој се залага за дипломатско решение. Затоа останува само дипломатскиот пат.

Treffen Außen- und Verteidigungsminister der EU

Германија ќе гласа воздржано. Шефот на дипломатијата Гидо Вестервеле

Доколку дипломатскиот застој меѓу Израел и Палестинците продолжи, можно е „Палестинците да преземат разлини очајнички обиди за да го задржат палестинското прашање на дневен ред и да остане присутно во светските медиуми“, вели Мекелберг. Фатах, на пример би можел по признавање од страна на ОН да го тужи Израел пред Меѓународниот суд во Хаг. Фатах вети дека нема да презема ваков чекор се‘ додека ЕУ и земји како Велика Британија и Франција му даваат поддршка на барањето за прием во ОН. „Но, искушението е можеби преголемо“, вели Мекелберг, дотолку повеќе што ЕУ и САД во моментов се зафатени со економската криза и последиците од Арапската пролет и покажуваат мал интерес за Палестинците.

Палестинците можат да поднесат тужба пред Меѓународниот кривичен суд, вели Пол Хиршсон од израелското Министерство за надворешни работи, но...

„... со тоа само ќе се губи време и ќе се заклучи дека нема случај.“

Мекелберг се надева дека до тоа нема да дојде и дека двете страни ќе седнат на маса. Ксавиер Абу Еид пак, веќе купил шише шампањско за со пријателите да го прослави признавањето на Палестина, се‘ едно што потоа ќе следува.