1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Палестинците сепак ќе добијат помош

Со оглед на хуманитарната криза во палестинските подрачја, таканаречениот Блискоисточен квартет во Њујорк реши да му помогне на населението со финансиска помош, со избегнување на радикално – исламистичката влада на Хамас. Во меѓувреме, ривалските палестински групи на Хамас и Фатах изутрината се договорија за примирје:

Палестинците сепак ќе добијат помош

Палестинците сепак ќе добијат помош

Во заедничкото соопштение квартетот во кој се Обединетите нации, Европската унија, Соединетите Американски Држави и Русија понудата засега ја ограничија на три месеци. Колкав обем ќе има финансиската инјекција и преку кои канали ќе и биде упатена на Палестинците, квартетот не соопшти. Европската унија смета дека за тоа најповолна е Светската банка. По одлуката, американскиот министер за надвборешни работи Кондолиза Рајс изајви:

„Не сакаме да гледаме како страда палестинскиот народ, па само мојата земја ќе оддели 10 милиони долари како придонес за најнеопходните лекови и опрема бидејќи сме загрижени за хуманитарната ситуација на палестинските територии. Јасно рековме дека имаме намера да ја продолжиме хуманитарната помош за палестинскиот народ„.

До одлуката на квартетот доаѓа само еден ден откако Светската банка предупреди на можните проблеми во службите за безбедност и другите основни служби во кои работат 165 цивилни службеници.

Во меѓувреме, денеска изутрина, палестинската влада на чело со Хамас и партијата Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абас, постигнаа договор за прекин на насилствата. Ова пред новинарите гио соопшти палестинскиот премиер Исмаил Ханија.

До состанокот дојде по дводневните судири во Газа.