1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Палестинците договорија роковник за избори

Двете ривалски палестински организации, Фатах и Хамас се договориле околу нов временски роковник за одржување заеднички избори.

Со египетско посредство двете страни во Каиро потпишале документ според кој новоформирана палестинска изборна комисија треба да ја започне работата на 27. мај и прво да се зафати со актуелизација на изборните листи во Појасот Газа. Египетската тајна служба го потврди договорот. Преодна влада формирана во рок од десет дена треба да ги организира потоа претседателскте и парламентарните избори, кои треба да бидат одржани и во Западениот брег и Појасот Газа. Преодната влада не би требало да остане на функција подолго од шест месеци, а во нејзин состав ќе влезат главно независни технократи. Двете страни, Фатах и Хамас уште во 2011-та година постигнаа договор за примирје, најавувајќи избори за мај оваа година. Но, во последно време напорите за примирје меѓу двете групи беа блокирани, а што доведе до последното приближување, не е познато.

Радикалниот Хамас по крвава братоубиствена војна во 2007-ма година ја презеде власта во Појасот Газа. Оттогаш умерениот Фатах на претседателот на Палестинците, Махмуд Абас, владее практично само во Западниот Брег.