1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Палестинско знаме пред седиштето на УНЕСКО

Пред седиштето на УНЕСКО во Париз попладнево беше подигнато палестинското државно знаме. На свеченоста, на која беше интонирана државната химна, присуствуваше палестинскиот претседател Махмуд Абас.

default

Палестинско знаме беше развиорено за првпат во седиштето на УНЕСКО во Париз, каде Палестинската автономна управа на 31 октомври беше примена како полноправна членка и покрај противењето на САД и Израел.

На церемонијата присуствуваа палестинскиот претседател Махмуд Абас и министерот за надворешни работи Ријад ал Малку.

Церемонијата на подигнување на знамето се организира при приемот на секој нов член на УНЕСКО.

Претседателот Абас оцени дека денешниот чин е прво признавање на палестинската држава. УНЕСКО е прва агенција на ОН во чие членство беше примена Палестина и покрај острото противење на САД и на Израел. Двете земји во меѓувреме ја суспендираа помошта за агенцијата.

Со приемот во УНЕСКО како 195-та членка Палестинската автономна упарава извојува голема дипломатска победа во кампањата за признавање на нивната држава.

Автор: БГ/ СН/ ртр/ бета/ миа

Редактор: Александра Трајковска