1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Палестински самит во Мека

Врвните лидери на ривалските движења на Палестинците, Хамаз и Фатах, денеска се среќаваат во светиот град Мека. Претесдателот на Палестинците Махмуд Абас од Фатах и премиерот Исмаил Ханија и шефот на Хамаз во егзил Калед Машаал вчера допатуваа и водеа одвоени разговори со домаќинот на средбата, кралот на Саудиска Арабија, Абдула.

Светиот град на муслиманите Мека

Светиот град на муслиманите Мека

На средбата со делегацијата на владеачкиот Хамаз Кралот Абдула побара уште еднаш окончување на конфликтот меѓу Палестинците. Со борбите меѓу ривалските движења и‘ се нанесува непроценлива штета на палестинската кауза, нагласи Абдула. Кралот на Саудиска Арабија им порача на гостите и дека неговото Кралство е подготвено да им пружи на “палестинските браќа“ помош од секаков вид за да се постигне согласност за надминување на конфликтот и за создавање влада на национално единство. Шефот на Хамаз, Калед Машаал на средбата изјави дека неговата организација има намера да постигне спогодба со Фатах. Од дипломатски извори се дознава дека позициите на двете движења се доближиле уште спроти одржувањето на средбата. Владеачкиот Хамаз најавил готовност да прифати независен министер за внатрешни работи во новата влада на национално единство, како и да ги почитува потпишаните мировни договори со Израел.

Ова е последна шанса за Палестинците, во спротивно е програмирана граѓанска војна, смета Сулејман Абу Дајех, експерт на германската фондација Фридрих Науман во Ерусалим.

“Очекувањата на палестинското население се многу високи, иако многумина веќе не им веруваат на лидерите оти се во состојба да постигнат согласност и да најдат заедничка позиција. Но, двете страни се соочени со простиот избор: или ќе најдат решенија за многуте отворени прашања или ги оќчекува граѓанска војна!“