1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Палестинскиот премиер даде оставка

По само нецели три недели на функцијата, премиерот на Палестинците Рами Хамдала поднесе оставка. Причина, како што се наведува од неговиот кабинет, е „ограничувањето на неговиот авторитет“.

Агенцијата АФП, повикувајќи се на висок претставник на владата, јави дека премиерот се повлекува поради „разлики во мислењата“ со неговите двајца заменици. Се‘ уште не е познато дали претседателот на Палестинците Махмуд Абас ќе ја прифати оставката на Хамдала.

Абас го назначи Хамдала за премиер на почетокот на јуни. Тој требаше да ја води преодната влада до август. До тогаш, имено, Фатах и Хамас требаше да постигнат договор за независна влада. Поради преголемите разлики меѓу двете најголеми организации на Палестинците имаше сомневање дека ваков договор воопшто ќе може да биде и спроведен.

Именувањето на умерениот универзитетски професор прво подгреа надежи за ново струење во регионот. Канцеларката Ангела Меркел му честиташе на Хамдала и изрази надеж во почеток на мировни преговори за да се дојде до решението „две држави“ на Блискиот Исток. Меѓутоа, веднаш по именувaњето на Хамдала, во регионот беше oценето дека со оглед на многуте проблеми што ги имаат палестинските автономни власти, тој се зафатил со невозможна задача. Хамдала го претстави својот кабинет на 6 јуни. Голем дел од министрите беа и во владата на неговиот претходник Салам Фајад, кој по еден судир со претседателот Абас даде оставка на функцијата.