1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Пак почнува одењето на печалба!

Со кризата Ирска се врати на тажната традиција, што му даваше со векови белег на островот: иселувањето. Работа и иднина во странство најчесто бараат млади луѓе. Некои си одат едноставно затоа што се банкрот.

default

Даблин, Ирците се‘ почесто се иселуваат

Бумот на недвижностите и порастот на цените на куќите многумина наведе на тоа, да си обезбедат големи и скапи куќи - сето на кредит. Сега работата пукна.

Во руралниот југ на островот - празни градежни руини, реликти на кредитно финансираниот бум на градежништвото, што е главна причина за сломот на ирската економија. Таму веќе одамна ништо не се гради. Тешки времиња за луѓе како брачната двојка Кармоди, која речиси 30 години со успех води сопствено претпријатие за декоративни гипсани орнаменти. Но, кризата не ги одбегна.

„Од 12 вработени ни‘ останаа само двајца. А имавме добар бизнис насекаде во Ирска, работевме и во Лондон и во Америка. Може да биде и полошо; ден за ден чекаме на нарачки и се надеваме дека ќе ги задржиме обајцата“, вели госпоѓа Кармоди.

Патрик, единствениот син во семејството, беше првиот што остана без работа во фирмата на родителите. За Кармодиеви лојалитетот на долгогодишните вработени стои пред семејството. Патрик уште на почетокот на кризата се отсели во Австралија. Таму брзо најде работа.

Demonstrationen in Dublin

Ирците лани излегоа на масовни протести поради економската криза и незадоволство од мерките на владата

Збогум засекогаш?

Стапката на невработеност од речиси 14 проценти предизвика бран иселувања. За првпат по 15 години, повеќе Ирци го напуштаат островот, отколку што во него доаѓаат доселеници. Си одат пред се‘ млади, добро образовани, флексибилни. Могумина од нив засекогаш.

„Не знаеме со сигурност дали тие луѓе пак ќе се вратат. Ирското стопанство нема да се опорави во наредните неколку години. Прогнозите не се добри, фискалниот дефицит и буџетските проблеми нема да бидат решени во краток рок. Поради тоа луѓето сигурно ќе останат во странство толку долго, додека да заработат добри пари“, вели Кетрин Каванах од универзитетот во градот Корк.

Значи, не се добри изгледите ни за Кармодиеви набргу да им се врати синот.

„Не сметам на тоа дека бргу ќе се врати. Можеби ако се подобри ситуацијата, но не во наредните пет години. Зошто и би се вратил?! Овде нема ништо за него“.

Автор: Герхард Елферс/ Зоран Јордановски

Редактор: Жана Ацеска