1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Пактот за стабилност-успешна иницијатива

реалМакедонските експерти оценуваат дека Пактот за стабилност е успешна иницијатива, која ги разочарала само оние, кои очекувале премногу. Во земјата нема точен преглед на сите реализирани проекти.

default

Нема точна евиденција колку проекти се реализирани во Македонија

Пактот за стабилност не е волшебно стапче, ниту Дедо Мраз, не очекувајте чуда, умееше да каже поранешниот специјален координатор на Пактот, Бодо Хомбах, за време на неговите посети на Македонија. Ваквите изјави многу прецизно ги отсликуваат големите очекувања на македонските граѓани од оваа, пред се‘ политичка иницијатива, основана во Келн пред десет години. Сепак, експертите кои ги анкетираше Дојче Веле се реални. Нивната оценка е дека Пактот за стабилност како регионална иницијатива е сосема успешна мисија, продуктивен проект на Меѓународната заедница, кој сосема ги задоволил очекувањата.

Bodo Hombach

Бодо Хомбах

Пактот за стабилност беше повеќе политичка иницијатива

Драган Тилев, добар познавач на македонскиот евроинтегративен процес, вели дека не се задоволни оние кои имале погрешна претстава за Пактот за стабилност.

„Пактот за стабилност повеќе беше политичка иницијатива и оној кој очекуваше дека од неа ќе произлезат некакви финансиски бенефиции, веројатно има погрешна претстава за Пактот за стабилност. Тој требаше на некој начин да им даде знак на донаторите каде постои регионална подлога и добра волја во регионот да се инвестира. “

Очекувањата веројатно беа преголеми

Трпе Стојановски, поранешен МВР аналитичар, сега раководител на регионалниот проект за миграција азил и бегалци оценува дека Пактот постигнал многу во оние сфери на кои се фокусирал, како на пример, развојот на човековите права и безбедноста.

„Во тој дел придонесот на Пактот за стабилност е позитивен и мислам дека ефектите се забележуваат и денес. Во сферата на економскиот развој очекувањата, и нашите национални и на другите земји од регионот, веројатно беа најголеми, но не беа остварени според желбите.“

Во Македонија ниту една институција не располага со прецизен преглед на проектите реализирани во рамките на Пактот за стабилност, ниту пак за сумите инвестирани во разни проекти. Во делот за инфраструктура за целиот регион во Пактот беа наменети 6 милијарди евра. Колкав дел од оваа сума влегол во Македонија е тешко да се пресмета, но евидентно е дека се покренати значителен број на инфрастуктурни проекти.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Жана Ацеска