1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Пакистан – џамија

*

Четири дена по почетокот на конфликтот околу Црвената џамија во Исламабад, забарикадираните исламисти денеска дозволија да влезе петчлен преговарачки тим. Тимот донесе храна и лекови, како и нови аргументи во обидот да го убеди лидерот на отпорот имамот Абдул Рашид Гази да се откаже од натамошни борби со пакистанските сили за безбедност. Во џамијата во центарот на Исламабад и понатаму се наоѓаат неколку стотии радикални исламисти од коранското училиште, кои ја критикуваат владата на Претседателот Первез Мушараф и бараат воведување исламска држава по углед на Авганистан во времето на владеењето на Талибанците.