1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Пакистан – џамија

*

Ситуацијата во пакистанскиот пристанишен град Исламабад останува и понатаму напната по крвавите судири меѓу полицијата и учениците на едно исламско училиште. Владини извори соопштија дека повеќе од 500 радикални исламисти ја напуштиле т.н. „црвена џамија„ по заканата на силите за безбедност дека насилно ќе го завземат објектот. Лидерите на коранското училиште меѓутоа нагласија дека и понатаму ќе се бранат.

Вчера во повеќечасовните престрелки меѓу вооружените исламисти во џамијата и полициските сили животот го загубија најмалку 16 лица, а преку 150 се повредени. Милитантните исламисти во џамијата бараат Пакистан да стане строго исламска држава по углед на Авганистан за време на владеењето на Талибанците.