1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Пакистан – џамија

*

По тешките судири меѓу пакистанските сили за безбедност и учениците на едно исламско училиште во градот Исламабад, полицијата потполно ја блокираше т.н. Црвена џамија. Еден од водечките имами во џамијата порача во телевизиско интервју дека исламистите кои се забарикадирале во Црвената џамија би можеле да го положат оружјето и да се откажат од отпорот, доколку полицијата претстане да напаѓа. Во повеќечасовните престрелки меѓу вооружените исламисти и полициските сили животот го загубија најмалку 16 лица, а преку 150 се повредени. Милитантните исламисти во џамијата бараат Пакистан да стане строго исламска држава по углед на Авганистан за време на владеењето на Талибанците.