1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Пакистан – тероризам

*

Во Пакистан нов напад на екстремистите врз армиските сили во кој загинаа најмалку 14 војници. Според армиски информации, екстремистите на автопат во северозападниот дел на земјата детонирале експлозив кога минувал армиски конвој. Потоа дошло и до престрелки меѓу двете страни. Вчера инаку, во напад на атентатор самоубиец загинаа најмалку 24 војници, 29 се ранети. Со автомобил полн со експлозив, атенаторот атакувал врз армиски конвој, соопшти претставник на армијата. Во регионот кон границата со Авганистан, екстремистите повикаа на одмазда поради заземањето на џамијата во Исламабад.