1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Пакистан се движи кон хаос

Терористичката мрежа на Ал Каеда ја презела одговорноста за убиството на екс-пакистанската премиерка Беназир Буто.Иако претседателот Первез Мушараф повика на мир,во земјата владеат немири и барања за негова оставка

default

Илјадници демонстрираат против нападот;премиерот Шариф ќе ги бојкотира изборите

На интернет страницата весникот Ејшиа тајмс објавува соопштение на командантот на борците на Ал Каеда во Авганистан со признание за нападот во кој загина Буто.Атентатот врз опозиционата политичарка го втурна демократскиот процес во Пакистан во тешка криза.

По изборниот собир во Равалпинди Беназир Буто само што сакала да влезе во автомобилот,кога се случил атентатот.Непознатиот напаѓач стрелал врз неа,ја погодил а потоа самиот се разнел во воздух.Харизматичната политичарка во болницата подлегна на тешките повреди.Заедно со неа загинаа многу нејзини следбеници.

Мушараф најави војна против терористите Пакистанскиот претседател остро го осуди нападот.Тој прогласи тридневна народна жалост,сите знамиња се на половина копја:

„Овој напад е најсвирепиот чин на терористите против кои водиме војна.Секогаш велев дека терористите се најголема опасност за Пакистан.На овој тажен ден сакам да дадам ветување на народот на Пакистан и истовремено да ја побарам неговата поддршка и трпение.Ветувам дека нема да запрам со борба против терористите и дека ќе ги уништам нивните корени.Тоа е единствениот пат кој ќе му помогне на Пакистан во неговиот развој.Терористите се најголема пречка во демократскиот развој“,изјави Мушараф.

Benazir Bhutto

Убиството на Буто е дело на терористите,претседателот Мушараф им објави војна

Во неговото кратко обраќање по кризната седница со армискиот врв и неговите најблиски соработници,Первез Мушараф не рече ни збор за планираните избори на 8 јануари.Не се знае дали тие ќе бидат одложени или целосно откажани.Тој не најави ниту вонредна состојба. Во авганистанскиот главен град Кабул речиси истивремено се обрати претседателот Хамид Карзаи,непосредно по враќањето од дводневната посета на Пакистан.Карзаи само неколку часа пред нападот се сретна со Беназир Буто на лични разговори.Тој имаше солзи во очите кога застана пред новинарите:

„Таа го даде својот живот за Пакистан и за целиот регион“,рече Карзаи.

Трн во окото за Талибанците Беназир Буто беше особено неомилена кај симпатизерите на Талибанците,кои по нејзиното враќање од егзил во земјата и се закануваа со насилство,зашто најмногу од сите политичари се залагаше за демократија,а ја поддржуваа и САД.Таа го поддржа претседателот Первез Мушараф кога во летото даде наредба за заземање на Црвената џамија во Исламабад, во која со недели беа забарикадирани радикалните исламисти. Кога Бензир Буто се врати на 18 октомври по осум години отсуство од Пакистан,врз неа веднаш беше извршен атентат.Загинаа 140 луѓе,а таа беше неповредена.

►◄

DW.COM