1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пакистан се бори против тероризмот

Пакистанските власти ги отфрлија последните американски обвинувања дека земјата е безбедно засолниште за терористичката мрежа на Ал Каеда. Властите во Исламабад енергично се спротивставија на трвдењата на американските разузнавачи дека нивната територија е сигурно прибежиште за топ терористот Осама Бин Ладен

Шаукат Азиc

Шаукат Азиc

“Целосно ги отфрлуваме ваквите обвинувања“ изјави синоќа во интервју за американската телевизиска станица пакистанскиот премиер Шаукат Азис. Тој нагласи дека неговата влада нема никакви индикации дека лидерот на Ал Каеда, Осама Бин Ладен и неговите соработници се кријат во регионот во близина на границата со Авганистан:

“Ние ги отфрламе сомнежите за заложбата на Пакистан во борбата против терорзмот, бидејќи светот знае колку многу направивме. Живееме во регион каде постојат повеќе активности кои се штетни за нашата безбедност. Постои голема мрержа на производство на дроги, безбедни засолништа за терористите. Презедовме мерки за борба против тероризмот, против оние кои го дестабилизираат регионот и ќе продолжиме тоа да го работиме“

Пакистанскиот премиер изјави дека присуството на три милиони бегалци од Авганистан предизвикува проблеми околу целосното контролирање на границата. Тој го повтори повикот за затворање на камповите и враќање на бегалците во нивните домови. Реакцијата на Исламабад следуваше по изјавите на советникот за разузнавачки работи на американскиот претседател Буш, Џон Негропонте и неколку други високи преставници на Вашингтон кои предупредија дека лидерите на Ал Каеда оперираат од Пакистан