1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Пакистан-репресивни мерки против опозицијата

*

По воведувањето вонредна состојба во Пакистан од страна на претседателот Первез Мушараф,повеќе опозициони политичари се ставени во куќен затвор.Најмалку 12 значајни претставници на опозицијата се уапсени.Мушараф вчера со прогласувањето вонредна состојба го стави вон сила уставот на земјата.Телефонските врски и емитувањето програма на приватните станици е прекинато.Освен тоа,Мушараф го разреши претседателот на Врховниот суд.Мушараф,кој дојде на власт по пучот во 1999 година,во октомври настапи на претседателските избори.За правната основа на оваа одлука допрва треба да решава судот.Вонредната состојба инаку е воведена со аргумент дека земјата е загрозена од исламистите.