1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пакистан: По земјотресот „изникна“ остров од морето

Прво се тресеше земјата, потоа наеднаш од морето се издигна нов остров, точно вака се случило на пакистанското крајбрежје, јавуваат локалните медиуми. Од „земјотресниот остров“ излегувал гас.

По тешкиот земјотрес во југозападен Пакистан, пред брегот на земјата според извештаите на медиумите се подигнал нов остров од водите на Арапското Море.

„Островот е долг околу 200 метри, висок околу 20 метри и широк околу 100 метри“, вака онлајн изданието на весникот „Даун“ денеска (25.09.2013) го цитира Асиф Инам од Националниот институт за океонологија во Карачи. Островот се издигнал по земјотресот, во областа Гвадар на околу едеипол километар од брегот.

„Даун“ известува дека ова е веќе трет пат од 1999. година пред брегот на областа Баличистан од морето да се издигне остров.Двата претходни острови се појавиле без претходно да има земјотрес, а потоа самите повторно исчезнале. Од новиот остров излегува гас метан.

Во тешкиот земјотрес со сила од 7,7 степени вчера загинаа најмалку 328 лица, најголем број во областа Аваран. Спасувачките работи се‘уште траат. Војската испрати хеликоптери во оддалечениот и слабо населен регион. Провинциската влада прогласи вонредна состојба поради природна катастрофа. Повеќе од 80 проценти од куќите во провинцијата се уништени.