1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Пакистан – поранешен премиер повторно протеран

*

Поранешниот пакистански премиер и опозиционен политичар Назав Шариф денеска беше повторно протеран во егзил во Саудиска Арабија. Шариф мораше да замине пред седум години, откако една година пред тоа беше симнат од власт со пучот на актуелниот претседател генералот Первез Мушараф. По неодамнешната одлука на Уставниот суд на Пакистан дека може да се врати, Шариф денеска долета од Лондон. Меѓутоа уште на аеродромот беше дочекан од специјална единица на полицијата, која веднаш му наложи да продолжи за Саудиска Арабија.

Во Пакистан Шариф сакаше да се кандира на претстојните претседателски избори.