1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Пакистан – поострени мерки на безбедност

*

По вчерашните атентати врз припадници на пакистанската армија во градот Равалпинди, владата на Претседателот Первез Мушараф ги засили мерките на безбедноаст во сите поголеми градови. Полицијата смета дека зад вчерашните напади во кои животот го загубија 25, а беа повредени преку 70 лица, се кријат исламски екстремисти. Нападите беа насочени против пакистанската армија, чиј Генералштаб е сместен во Равалпинди.