1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Пакистан- откажани парламентарните избори

*

Ден по воведувањето вонредна состојба во Пакистан,пакистанската влада реши да ги откаже за јануари планираните парламентарни избори.Портпарол на владата соопшти дека се надева тие да бидат одржани наскоро,но не може да прецизира датум.

Инаку,по воведувањето вонредна состојба од страна на претседателот Первез Мушараф,повеќе опозициони политичари се ставени во куќен притвор.Најмалку 12 значајни претставници на опозицијата се уапсени.Мушараф вчера со прогласувањето вонредна состојба стави вон сила дел од уставот на земјата.Телефонските врски и емитувањето програма на приватните станици е прекинато.Вонредната состојба е воведена со аргумент дека земјата е загрозена од исламистите.