1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Пакистан жали за исклучувањето од Комонвелтот

Пакистан изрази жалење по одлуката на организацијата на Комонвелтот да го исклучи од членство поради задржувањето на вонредната состојба во земјата.Одлуката е несоодветна и неправедна,изјави портпарол на Министерството за надворешни работи во Исламабад.

Комитетот на министрите за надворешни работи на Комонвелтот одлучи исклучувањето да важи се додека во Пакистан не се воспостави повторно демократијата,соопшти претходно генералниот секретар Дон Мек Кинон во Кампала.Во главниот град на Уганда денеска инаку започна самит на организацијата, на која и припаѓаат 53 држави,главно поранешни британски колонии.Пакистан не го испочитува рокот на Комонвелтот за укинување на вонредната состојба,кој важеше до вчера.