1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пакистан го демантира Леон Панета

Пакистан ги отфрли денеска (09.06) коментарите на американскиот министер за одбрана Леон Панета дека дава засолниште на бунтовници на своја територија, што ја засили напнатоста меѓу Исламабад и Вашингтон.

„Силно веруваме дека вакви изјави не се соодветни и не помагаат за воспоставување мир и стабилност во регионот“, се наведува во коминикето на Министерството за надворешни работи на Пакистан.

Панета за време на посетата на Авганистан во четвртокот (07.06) изјави дека напорите за стабилизирање на Авганистан ќе останат тешки се‘ додека бунтовниците располагаат со прибежиште во Пакистан.

„Тешко е да се постигне мир во Авганистан, додека има прибежиште за терористите во Пакистан. Тоа е сериозен проблем и нашето трпение се исцрпува“, рече Панета.

„Пакистан неколку пати изјави дека нема да дозволи неговата територија да биде искористена против друга земја, ниту ќе дава засолниште на своја територија“, соопшти пакистанското МНР.