1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пакистан ги деблокира копнените патишта за НАТО

Меѓународните ИСАФ сили во Авганистан повторно можат да бидат снабдувани преку копнен пат во Пакистан. НАТО ја поздрави одлуката на пакистанската влада за укинување на блокадата.

Меѓународните трупи во Авганистан повторно можат да ги користат копнените патишта преку Пакистан за дотур за војската. Владата во Исламабад ја укина блокадата за затворање на рутите воведена минатиот ноември, по еден воздушен напад на НАТО врз пакистанска гранична база, соопшти американкиот државен секретар Хилари Клинтон. Клинтон во телефонски разговор со нејзиниот пакистански колега Хина Рабани Кар се извини за овој напад во кој загинаа 24 пакистански војници.

Bundeswehreinsatz in Afghanistan

Копнениот пат преку Пакистан е еден од најважните за снабдување на ИСАФ трупите во Авганистан

НАТО го поздрави најавеното повторно отворање на рутитет за дотур за трупите во Авганистан од страна на пакистанската влада. Деблокадата на договорите за транзит за снабдување на Меѓународните ИСАФ трупи во Авганистан „демонстрира засилена соработка меѓу земјите на ИСАФ и нашиот партнер Пакистан“, изјави генералниот секратар на НАТО Андерс Фог Расмусен. Истовремено тој ја подвлече, „важната улога“ на Пакистан за „безбеден Авганистан и стабилен регион“.

Копнениот пат преку Пакистан е еден од најважните патишта за снабдување на меѓународните сили во Авганистан. Отворањето на рутите има големо значење и за планираното повлекување на странските трупи на крајот во 2014 година.