1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пакистанските безбедносни сили од голема помош во британската акција

Акцијата на британската полиција во која се разоткрија плановите на терористичката група беше изведена во соработка со Пакистан. Всушност и поголемиот дел од уапсените се Британци со пакистанско потекло. Исламабад се надева дека ова ќе го поправи нивниот имиџ како земја мека за терористи.

Пакистански војник

Пакистански војник

Пакистанските безбедносни сили и разузнавачките служби подолго време работеле на набљудување на осомничените за планирање на терористичките напади во Британија. Акцијата била во координација со британската полиција, по што следеа и апсењата во Лондон. Во истовреме и во Пакистан се уапсени двајца Британци со пакистанско потекло и уште пет Пакистанци. И во двете земји продолжува потрагата по уште осомничени. Заменик министерот за информации во Пакистан, Тарик Азем, ги опиша апсењата во Лондон и Пакистан како огромен придонес во борбата против тероризмот:

„Ќе продолжиме со нашите напори. Ова е уште еден пример дека правиме се што е можно во Пакистан. Ако имаме доказ против некого, без разлика дали е Пакистанец или странец, ние веднаш делуваме. Така беше и овојпат“.

Сепак на министерот не му е право дека Пакистан не добива пофалби за акцијата во која е разбиена терористичката мрежа, туку се уште на земјата се гледа како на место од кое потекнува тероризмот:

„И порано апсевме осомничени терористи кои им беа предадени на земјите од каде доаѓаат бидејќи не сакавме луѓе кои работат против интересите на нашата држава да оперираат од пакистанска територија. Сегашната акција беше уште поуспешна дека нашите сознанија овојпат ги споделивме и со Британците и Американците“.