1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пакистанскиот премиер положи заклетва

Новиот премиер на Пакистан, Јусуф Раза Гилани денеска положи свечена заклетва на функцијата пред претседателот Первез Мушараф. Тој е член на потесното раководство на Народната, партијата на убиената опозиционерка Буто

default

Шефот на владата Гилани

Победата на Народната партија е предупредување до Мушараф, кому многумина Пакистанци му префрлуваат дека стои зад атентатот врз Беназир Буто.

Јусуф Гилани е првиот шеф на пакистанска влада по 1999 година, кој не е назначен од Мушараф, туку е избран од Парламентот. Националното собрание му ја искажа својата доверба вчера на 55 годишниот политичар, кого во 2001 година Мушараф го испрати на петгодишен затвор заради наводни злоупотреби на функцијата претседател на Парламентот. Гилани има визија за својата задача:

„Да се извлече нацијата од кризата не е работа само на една партија. Сите сили мора да се обединат за да ја надминат политичката и економската криза. Потребна ни е сечија поддршка. Парламентот мораме да го издигнеме до највисока институција, таа мора да зајакне.“


Делата зборуваат


Мирниот и стабилен Гилани на почеток избегнува отворена критика на Мушараф и агресивни напади. Но, за него зборуваа делата.

„Мора да бидат ослободени затворените судии“, изјави тој непосредно по изборот.

Само неколку минути подоцна полицијата го ослободи од куќен притвор судијата на Врховниот суд, Чаудри, кого претседателот Мушараф го смени од функцијата.


Докажан приврзеник на Буто


Јусуф Раза Гилани потекнува инаку од богато земјопоседничко семејство од Пенџаб, најголемата пакистанска провинција. Неговото семејство веќе едно столетие игра важна улога во политиката на земјата. Гилани важи за објективен, прагматичен и со чувство за проблемите на народот.

„Свесни сме за проблемите на народот: растечки цени, недостаток на електрична струја, сиромаштија, невработеност. Со нашата програма ќе докажеме дека не работиме за да останеме на власт, туку работиме за Пакистан“, изјави Гилани.

Тој имаше смелост да се спротистави на екс премиерката Беназир Буто во периодот кога тој беше претседател на Парламентот и против нејзина желба се зазеде за уапсените опозициони политичари. Но, верноста на Гилани кон семејството на Буто не се доведува во прашање. Аналитичарите сметаат дека тој ќе биде преодно решение додека вдовецот на убиената Беназир Буто, Азиф Али Зардари не биде избран во Парламентот и не ја преземе премиерската функција.


►◄