1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пакистанскиот премиер осуден за непочитување на судството

Премиерот на Пакистан е прогласен за виновен подари непочитување на судството. Затворска казна не му е досудена, но поради пресудата може да ја загуби функцијата.

Врховниот суд на Пакистан го прогласи за виновен премиерот Јусуф Раза Гилани. На премиерот му се префрлува дека ги прекршил барањата на судот.

Пред повеќе од две години судиите побараа од владата на Гилани да испрати официјално барање до швајцарските власти за повторно отворање на процесот за перње пари против пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари. Гилани го одби барањето, бидејќи според мислењето на владата Претседателот има имунитет.

Пресудата во прва линија е симболичен чин. Сепак може да претставува проблем за премиерот, бидејќи е казнет. Имено, според пакистанскиот устав, лица кои се осудени не смеат повеќе да извршуваат јавна функција. Во наредните недели или месеци може да се случи да биде разрешен од функцијата.